Средба Османи- Гжелчик

19 мај 2023

Министерот за надворешни работи  Бујар Османи денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Скопје, Кжиштоф Гжелчик.

Посакувајќи му на амбасадорот Гжелчик срдечно добредојде и успешна дипломатска мисија во Република Северна Македонија, министерот Османи изрази задоволство од динамичниот и континуиран политички дијалог меѓу Северна Македонија и Полска и изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави посветено ќе работат на натамошно динамизирање на секторската соработка и интензивирање на меѓусебната поддршка во различните мултилатерални формати.  

Во оваа прилика, министерот Османи изрази благодарност за активниот ангажман и посветеноста на Република Полска во рамките на ОБСЕ Тројката, 

Амбасадорот Гжелчик истакна дека Полска високо го цени придонесот на Република Северна Македонија кон стабилноста и просперитетот на целиот регион и останува посветена на натамошниот развој на билатералните односи, врз основа на традиционалното пријателство, меѓусебната доверба и остварените постигнувања во повеќе области.

Скопје, 18 мај 2023 година